Холивудскиот актер Том Хенкс вели дека зголемувањето на нивото на цинизам во општеството е делумно она што го натерало да земе улога како допадлив детски забавувач во легендарниот американски филм на ТВ водител за деца, „Прекрасен ден во соседството“.
Актерот го игра Фред Роџерс во овој прекрасен филм за деца.
„Цинизмот стана стандардна позиција за толку многу од дневната структура и секојдневниот однос“, им рече Хенкс на новинарите. „Зошто? Затоа што е лесно, и затоа што има многу пари“ додаде тој.
Според Хенкс, цинизмот е одличен производ за продажба и е совршен почеток на какво било испитување на нешто.
„И дел од тоа се теории на заговор. Но мислам дека она што прво го видел Фред Роџерс во детската програма, било нешто цинично и зошто би поставил нешто што е цинично пред две или тригодишно дете? Не си кул зошто ја немаш оваа играчка?“ објаснува Хенкс.
За време на премиерата на филмот, Хенкс се прошета низ Торонто, при што посети и едно кафуле кое веќе беше затворено. Во кафулето имало голем плакат од Том, во неговата природна големина, до кој се фотографирал со сопственикот на локалот.
Текстот Том Хенкс: Цинизмот стана нешто вообичаено и стандардно е превземен од Reporter.mk.