Чендлер од „Пријатели“ итно опериран

Ѕвездата на серијата „Пријатели“, Метју Пери, кој го глумеше ликот на Чендлер Бинг, имал тешка операција откако му пукнал чир на дебелото црево, соопшти неговиот портпарол.

„Метју Пери неодамна беше опериран во Лос Анџелес поради гастроинтестинална перфорација. Тој е благодарен за загриженоста на фановите и замоли за мир, додека да се излекува целосно“, рекол портпаролот.

Според американските таблоиди, проблемите на 48-годишниот актер се најверојатно резултат на зависноста од различни супстанции. Од 1997 до 2001 година Пери се лекуваше од зависноста од викодин, метадон, амфетамини и алкохол. Пери бил неколкупати на одвикнување, а во 2015 година се пошегувал дека е „алкохоличар со награда“ откако од една призната анти-алкохоличарска група добил почесна награда.

„Најмногу имав проблем со пиењето и со опијатите. Мислам дека бев многу добар во прикривањето, но на крајот луѓето сфатија. Беше страшно за гледање. Бев болен човек“, пред неколку години изјави Пери во интервју за „Еј-би-си“.

 

Текстот Чендлер од „Пријатели“ итно опериран е превземен од Reporter.mk.