Загина познатиот српски рапер Далибор Андонов Гуру

Познатиот српски рапер Далибор Андонов Гуру загина вчера во несреќа додека бил на кајтинг во вода. Станува збор за комбиниран спорт од сурфање и параглајдеризам на вода.

Андонов настрадал додека сурфал на вода со Наутичкиот клуб „Земун“, пишуваат српските медиуми.

Силниот ветер го изненадил раперот и буквално неколку пати го кренал во воздух и го потопил во вода.

„Пет пати во 20 секунди ветрот го крена, па го давеше во вода. Не стигна да се одврзе“, раскажува сведокот додавајќи дека раперот бил одличен спортист.

Пријателите веднаш го извлекле од вода и повикале брза помош. Лекарите кога пристигнале констатирале смрт.

Оние кои го познавале Андонов велат дека музичарот бил многу искусен во кајтинг. Тој речиси цела летна сезона ја минал на Ада Бојана.

Гру го поминал целото лето спортувајќи во Дунав и бил доста искусен спортист.

.

Текстот Загина познатиот српски рапер Далибор Андонов Гуру е превземен од Reporter.mk.