Убиен кумот на Гоца Тржан

Вчера е убиен Марио Тртиќ (28), кумот на српската пејачка Гоца Тржан.

Како што пренесува српски „Курир“, станува збор за двојно кумство. Марио ги венчал Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша, а Раша нив во декември.

„Претажни сме. Ова е страшна трагедија. Нашиот кум не би згазил ни мравка. Беше најпитомиот човек на светот“, изјавила Гоца за српски „Курир“.

Гоца Тржан и Раша Новаковиќ се венчаа на 20 септември 2015 година. Како што пишуваат медиумите, немилиот настан се случил во средата попладне. Најпрво во полиција било пријавено исчезнувањето на Марио. Последен пат бил забележан на мопед, а потоа му се губи секаква трага. Полицијата по пребарувањето на неколку куќи, го пронашла неговиот мопед.

„На терасата на куќата каде што беше пронајден неговиот мопед, полицијата откри две беживотни тела. Се претпоставува дека Митар прво го убил Марио, па потоа извршил самоубиство. На балконот имало многу чаури“, вели извор од МУП.

 

 

 

 

 

 

Текстот Убиен кумот на Гоца Тржан е превземен од Reporter.mk.