На фејсбук-страницата „Славорум“ плажите на Охридското Езеро станаа цел на потсмев поради лошиот англиски превод на нивните имиња.
На картата на Охридското Езеро имињата на сите плажи се преведени на англиски. Зборот плажа правилно на англиски се пишува Beach, и се изговара „бич“. Но, во охридскава варијатна плажата ја именувале како Bitch, а зборот „бич“ има друго значење, односно се преведува како „кучка“. И така, охриѓани ги наредиле плажите Caneo bitch, Cuba libre bitch, Cadmo bitch итн, што во превод би значело, кучката Куба Либре, кучката Кадмо, Канео, па излегува дека има безброј кучки на Охридското Езеро, се шегуваат корисниците на социјалните мрежи. Меѓу хумористичните коментари можеше да се прочитаат „По ова недоразбирање, туризмот порасна за 40%“, или „Имам 99 проблеми, но кучката не е еден од нив“, „Мене ми е како во бордел“…
Текстот (Фото) Плажите во Охрид прекрстени во кучки е превземен од Reporter.mk.