Едно лице загина, а 14 други се повредени во несреќата што се случи на фестивал во Германија. Поточно, на Фестивалот за готвење во Фројденберг експлодирала тава при што загинала жена. Пет лица се во тешка состојба, четворица поради изгореници и едно поради срцев удар.
Сведоците на настанот велат дека жртвите се разбегале. Сите повредени имаат меѓу 31 и 75 години, пренесува ДПА.
Полицијата соопшти дека причина за експлозијата е најверојатно маслото во тавата, а во тоа време имало околу 100 луѓе на фестивалот. Несреќата најверојатно се случила поради дождот, односно капките што паднале во врелото масло, но истражителите велат дека ќе бидат потребни неколку дена за да дознаат што точно се случило.
„Ова е ужасна несреќа за нашиот мал град“, рече градоначалничката Никол Решке.
Текстот Експлодира тава на фестивал во Германија, едно лице загина, 14 повредени е превземен од Reporter.mk.