Славниот готвач Џејми Оливер сподели дека ги гледа своите пет деца само неколку вечери во неделата и привлече многу коментари на социјалните мрежи.
43-годишниот готвач во интервју за списанието Good Housekeeping себеси се нарече викенд-родител бидејќи поради презафатеност може да биде со своето семејство само за време на викендите.
„Главно сум викенд-родител. Присуствувам на клучните училишни настани, но сум презафатен од понеделник до петок и вообичаено ги гледам децата само неколку вечери во текот на неделата. Среќен сум со тоа, сметам дека ним им е добро вака“ – изјави тој.
„Во нашата куќа е хаос. На добар начин. Имате тинејџерски емоции, имате деветгодишник и имате бебе во пелени“ – шеговито додал Оливер.
Иако некои го поддржаа со коментарите за ова, велејќи дека ова е модерно време, сепак, многумина му замерија за изјавата.
Текстот Џејми Оливер: Немам многу време за децата е превземен од Reporter.mk.