Фолк-пејачот Aца Лукас денес и официјално се разведе од сопругата Соња Вуксановиќ. Двојката уште во 2017 година најави дека се разведува, а денес конечно ги потпишаа документите за развод во судот во Белград, пишуваат српските медиуми. Тие на рочиштето дошле околу 13 часот и заминале еден час подоцна.
За потсетување, Аца и Соња се венчаа во 2010 година, а една година подоцна ја добија ќерката Викторија. Оттогаш, познатиот пејач го поврзуваа со неколку различни жени, а тој пред неколку месеци потврди дека е во врска со Јована Дорошки. Тие неодамна беа на летување во Црна Гора, по што медиумите објавија дека Лукас ѝ купил свршенички прстен и дека ја побарал за жена, иако е сè уште во брак со Соња.
Аца Лукас уште неразведен ја побара за сопруга новата девојка
Текстот Аца Лукас денес и официјално се разведе од Соња Вуксановиќ е превземен од Reporter.mk.