(Видео) Запрете ја таа марионета на американски империјализам, денот кога Никита Хрушчов удираше со чевелот во ОН

Пред 59 години во салата во Обединетите нации се случил еден од ретките инциденти во кои бил иволвиран поранешниот претседател СССР, Никита Хрушчов.

Хрушчов револтиран од говорот на еден од присутните делегати, го соблекол чевелот и почнал да удира по масата. Русинот не можел да издржи го слуша филипинскиот делегат кој се наоѓал на другиот крај на салата. Тој го прекинал неговиот говор на невообичаен начин.

„Господине претседателе, смирете ја таа марионета на американски империјализам“, викнал Хрушчов во салата.

Ваквиот инцидент се случил откако претходно делегатот изнел серија обвинувања против Советскиот сојуз, од типот дека СССР успеал да ја проголта цела Источна Европа и дека ги прекршил сите можни политичките и човекови права.

Хрушчов според тврдењата на некои сведоци, го соблекол својот десен чевел, станал и му се заканил на филипинскиот делегат, кој бил на другата страна од салата.

Некои заговорници тврдат дека тропањето по масата со чевелот, никогаш се нема случено. Тие тврдат дека Хрушчов го соблекол чевелот, но само мавтал со него, но не удирал, а уште помалку го фрлил.

Неговата правнука тврди дека во семејството се зборувало со децении како нејзиниот прадедо, за време на таа седница, го соблекол чевелот затоа што му бил претесен.

„Во моментите кога го соблекол, му паднал неговиот рачен часовник. Тоа дополнително го налутило, па држејќи го чевелот почнал да довикува кон претседателот на Генералното собрание на Обединетите нации, за да се јави за реплика.

Многу психолози тврдат дека станува збор за феномен на лажно сеќавање. Нашите сеќавања се несовршени, се сеќаваме на некои моменти, додека други ги забораваме. Понекогаш се сеќаваме на некои работи, кои никогаш не се случиле. Тој феномен истражувачите го нарекуваат лажно сеќавање.

Снимките на кои се гледа како Хрушчов мавта и удира со чевелот, некои ги сметаат за автентични, додека други тврдат дека се работи за одлична монтажа.

Никита Хрушчов стана првиот секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, заземајќи ја најмоќната функција по смртта на Сталин.

Периодот кога владееше со СССР е познат како ера на „одмрзнување“. Периодот го вклучува откривањето на култот на личноста на Сталин, летот во вселената на Гагарин и процутот на руската литература, филм и друго.

Неговото име асоцира и на една од најсуровите советски антирелигиозни кампањи, потиснувањето на Унгарското востание во 1956 година и Студената војна меѓу СССР и САД.

Текстот (Видео) Запрете ја таа марионета на американски империјализам, денот кога Никита Хрушчов удираше со чевелот во ОН е превземен од Reporter.mk.