Научници создадоа два ембриона од северниот бел носорог, како дел од напорите да се спаси ова животно од исчезнување, пренесе ДПА.
Во август стручни лица успешно зедоа јајце-клетки од последните две живи женки од овој вид – Наџин и Фату, коишто се наоѓаат во Кенија. Примероците потоа беа испратени во лабораторија во Кремона, Италија, каде што се изврши вештачко оплодување со сперма од угинати мажјаци од истиот вид.
– Сведоци сме на важен настан, по сите пречки со кои се соочивме, кој ни овозможува да ги планираме идните чекори во програмата за спасувањето на северниот бел носорог – изјави Томас Хилдебранд од германскиот Институт за истражувања во врска со животните и дивата природа „Лајбниц“.
Сѐ ова е резултат на повеќегодишна програма за размножување на носорозите.
Во Судан последниот машки северен бел носорог угина минатата година.
Текстот Научници создадоа ембриони од носорог во исчезнување е превземен од USB.mk.