Кина го забрани новиот филм за Вини пу

Кинеските власти забранија дистрибуција на новиот игран филм на Дизни „Кристофер Робин, каде си?“ за познатото мече Вини пу, пренесува BBC.

Со тоа Пекинг ја продолжи борбата против малото жолто мече, а сето тоа поради наводната сличност со претседателот Си Џинпинг.

Кинеските власти не објаснија зошто најновиот филм на Дизни е несоодветен за тамошната публика, но BBC наведува дека се претпоставува оти тоа е дел од националната кампања против Вини пу, откако на социјалните мрежи се појавија пораки во кои се истакнува сличноста на анимираниот јунак со кинескиот претседател.

 

Текстот Кина го забрани новиот филм за Вини пу е превземен од Reporter.mk.