Силвестер Сталоне по сè изгледа не може без Роки, а ни без Рамбо. Најновото продолжение на серијалот за боксерот Роки Балбоа ќе се појави на големиот екран до крајот на годината, а дотогаш Сталоне во вжбалница ја одржува својата топ-форма за новото продолжение на култната серија „Рамбо”.
Иако самиот вели дека ќе се појави за последен пат во улогата на Рамбо, Сталоне изгледа не размислува за пензионирање.
„Другите ѕвезди зборуваат за своето откажување и за тоа колку ѝ се даваат на публиката. За мене тоа е чест:„Ајде, пумпај!”, напиша актерот под фотографијата на која вежба во вежбалница.
Текстот (Фото) Сталоне згоден и на 72 години е превземен од Reporter.mk.