Овен
Денес едноставно не е ваш ден. Ќе се чувствувате уморно и депресивно, а луѓето околу вас постојано ќе ви одат на нерви. Иако можеби ви се расипаа плановите за излегување, не очајувајте, со добри пријатели сѐ може да се постигне.
Бик
Овој ден ќе ви биде од голема важност. Потрудете се да ја искористите креативноста на позитивен начин и да ја вложите во некој проект. Кон крајот на денот очекувајте изненадување од блиска личност.
Близнаци
Денешниот ден ќе ви донесе блиска средба со партнерот и не трудете се да го уништите тоа со вашата презафатеност. Посветете им вниманите и на пријателите, на некој од нив ќе му биде потребен вашиот совет.
Рак
Денеска ќе морате да бидете истрајни и подготвени на сите искушенија на работа. Контролирајте ја импулсивноста. Мислите дека сте полни со елан и ентузијазам, што е навистина позитивно. Ќе бидете исцрпени од тоа што премногу се бара од вас, а самодовербата ќе ви биде разнишана.
Лав
Зафатете се со работа – не чекајте. Не ја одбивајте соработката од колегите, бидејќи не ќе можете сами. Расположението малку ќе ви опадне, бидејќи некој од околината нема да ви даде признание за кое верувате дека сте го заслужиле. Обрнете повеќе внимание на физичкиот изглед, не се запоставувајте.
Девица
Денес може да ви се случи пред некој љубовен заплет да побегнете и да најдете сигурност на работното место. Низ работата ќе дојдете до некои важни сознанија кои нема да се однесуват само на работата која моментално ја работите. Она што не ќе можете да го решите оставете го отворено, не ја трошете непотребно енергијата.
Вага
Денот е како создаден за флерт, љубов, уметност и разни други убави случувања. Спрема партнерот чувствувате силна физичка привлечност, па можно е вашиот сексуален живот да доживее вистинска кулминација.
Скорпија
Успешно ги совладувате работните пречки. На соработниците им пречи вашиот перфекционизам комбиниран со желба да критикувате. Една водолија ќе се обиде да ве изнервира, но вие успешно ќе се одбраните.
Стрелец
Сакате да бидете на чисто со некои работи поврзани со вашата средина, бидејќи самите никаде не се ангажирате, па ништо не зависи од вас. Повеќето припадници на овој знак чекаат помош од пријателите.
Јарец
Ги задоволувате своите потреби, без разлика дали се работи за уметнички интереси, желба за луксузни работи. Ви се нудат љубовни предизвици во изобилие. Што би можеле повеќе да посакате?
Водолија
Насочете ја енергијата на најдобар можен начин. Медитацијата ви помага да ги спречите несаканите последици во вид на депресија. Сите постапки зависат од другите луѓе, превенствено од односите со спротивниот пол.
Риби
Среќниот период продолжува. Она за што подолго време фантазиравте сега ви се исполнува. Денот минете го со пријатели во некое кафуле. Причини за убава атмосфера и славење има во голем број. Некоја ваша поранешна љубов може повторно да влезе во вашиот живот.
Текстот Дневен хороскоп за 10 август е превземен од Reporter.mk.