Глобалните побарувачки за засолниште во случај на Трета светска војна, удар на астероид или пандемија секојдневно растат. Денешните засолништа се направени по највисоките стандарди и доста се разликуваат од оние од 20 век. Тие се полуксузни и помодерни од кога било претходно.
Една од компаниите кои ги гради ваквите засолништа е Vivos, чиј основач е Роберт Вицино. Станува збор за претприемач кој гради и управува со засолништа од врвен дизајн ширум светот.
„Засолништата во минатото не се удобни. Биле сиви, метални, како брод или некој друг воен објект. А факт е дека човештвото не може долготрајно да преживее во еден таков објект“, вели Вицино за „Си-Ен-ЕН“.
Припадниците на севтската елита како што е Бил Гејтс, самите си одбираат каде ќе ги дизајнираат своите засолништа. За Гејтс се зборува дека е човек кој има по еден бункер на секој од своите поседи.
Генералниот директор на компанијата Rising S Company, од Тексас, Гери Линч, уште во 2016 година, изјавил дека интересот за високо луксузни подземни бункери пораснал за 700% во 2018 година, додека генералната продажна пораснала за 300% од последните американски избори.
И додека некои преферираат да бидат сами, на други им е поинтересно да ја преживеат апокалипсата во заедница која нуси искуство слично на животот во реалниот свет. Повеќето од нив вклучуваат прехрамбени намирници за година дена или повеќе и имаат хидропонска градина за одгледување на широк спектар на растенија.
Дизајнерите на развој исто така работат на тоа да креираат заедница со членови запознаени со разни вештини потребни за долготрајно преживување, од лекар па до учител, пишува „Си-Ен-Ен“.
Вицино вели дека неговата компанија ги распродала сите свои засолништа за заедницата во последните неколку недели. Еден од нив, VivosxPoing се наоѓа во Јужна Дакота и се состои од 575 воени бункери кои претходно биле магацини за муниција.
Самата поставеност на бункерите, изгледа како да станува збор за мал град. Во нив има театри, училници, градинки, клиники, спа центри и теретана. Оние кои веќе ги имаат набавено своите засолништа, не мораат да ја чекаат апокалипсата за да можат да уживаат во нив.
За најголемиот бункер во светот се потрошени милијарди евра. Тој се наоѓа во Чешка.
Текстот (Видео) Луксузни засолништа кои ги чуваат милионерите од апокалипса е превземен од Reporter.mk.