Меган Маркл јавно, со емотивна порака му го честита 35. роденден на својот сопруг, британскиот принц Хари.
На официјалниот профил на Инстаграм на Сасекс Ројал беше објавен колаж фотографии од принцот Хари од раѓањето до крштевањето на неговиот син Арчи, а во описот на објавата се наоѓа порака од неговата сопруга Меган .
„Твојата посветеност кон целите кои ви се толку многу важни, длабоко секој ден ме инспирираат. Ти благодарам што си толку добар сопруг и најдобар татко на нашиот син. Ние те сакаме и ти посакуваме најсреќен роденден“, пишува во пораката.
Фановите забележаа и необјавена фотографија од крштевањето на Арчи, која е последна во низата од колажот. Принцот Хари во моментов е шести по ред за британскиот престол, по татко му Чарлс, братот Вилијам и неговите три деца Џорџ, Шарлот и Луис.
Текстот (Фото) Ти си најдобар татко: Колаж фотографии од Меган за 35. роденден на прицот Хари е превземен од Reporter.mk.