Креаторите на хумористичната серија „Вил и Грејс“ открија дека во втората сезона на обновената серија ќе глуми и Дејвид Швимер, популарниот Рос Гелер од серијата „Пријатели“. Двете серии беа меѓу најпопуларните пред петнеасетина години, а фановите и тогаш бараа да се спојат ликовите од сериите, макар и во една епизода.
Швимер во серијата ќе го глуми новото момче на Грејс (Дебра Месинг) и засега не се открива во колку епизоди ќе се појави тој. Освен Месинг, главните ликови во серијата ги глумат Ерик Мек Кормак, Меган Мулали и Шон Хејс. Алек Болдвин, Челси Хендлер и Мери МекКормак, кои имаат споредни улоги во серијата, ќе се појават и во новата сезона.
„Вил и Грејс“ќе почне да се прикажува од 4 октомври. Новата сезона ќе има 18 епизоди.
Текстот Рос од „Пријатели“ ќе глуми во „Вил и Грејс“ е превземен од Reporter.mk.