Почина актерот Брајан Турк, ѕвездата од „Два и пол мажи“

Актерот Брајан Турк познат по неговите улоги во многу познати серии како „Два и пол мажи“, „Беверли Хилс“, „Циркус“ и „Итна служба“ по подолго боледување почина на 49 години.

Турк кој ја изгуби битката со ракот, зад себе ги остави сопругата и осумгодишниот син. Во месец јули годинава беше покрената кампања со која се имаше за цел да му се помогне на актерот и неговото семејство.

„Брајан влијаеше на многумина од нас на позитивен начин. Без разлика на тоа дали беше на сцената или во нашите животи. Секогаш беше тука кога ни беше потребен и кога требаше да славиме“, се вели во официјалното соопштение испратено до јавноста.

На Брајан пред година дена му бил дијагностициран рак. Тој беше познат и по улогите во филмовите на „Американска пита 2“, „Паркот од добата Јура: Изгубениот свет“ и многу други.

Текстот Почина актерот Брајан Турк, ѕвездата од „Два и пол мажи“ е превземен од Reporter.mk.