Шинејд О’Конор тврди дека Принс физички ја нападнал

Ирската пејачка Шинејд О’Конор за „Сан“ изјавила дека починатиот музичар Принс физички ја нападнал во неговиот дом во Лос Анџелес. Според пејачката, Принс бил пијан и ја бркал во дворот со перница, „наполнета со нешто тешко“ и сакал да ја удри. Таа во интервјуто рекла дека со музичарот, кој за неа го направи хитот Nothing Compares 2 U, се сретнале еднаш и дека таа средба ќе ѝ остане во страшен спомен.

„Тој се обиде да ме совлада, а јас се заштитував. Ова не е шега, воопшто не е шега, всушност беше многу страшно искуство. Не сакав тој да ми кажува што треба да правам, не му беше пријатно што не сум негов штитеник“, рекла Шинејд.

Пејачката тврди и дека не е единствена што Принс ја нападнал.

„Едно од девојчињата од неговата група беше во болница поради скршени ребра“, кажала таа во интервјуто.

За потсетување, Принс почина на 57-годишна возраст, во домот Пејсли Парк на 21 април 2016 година. Резултатите од аутопсијата открија дека починал од случајно предозирање со фентанил – наркотик 50 пати помоќен од хероинот.

Текстот Шинејд О’Конор тврди дека Принс физички ја нападнал е превземен од Reporter.mk.