Германскиот виолинист, Дејвид Герет на 25 септември ќе одржи концерт во А1 арена Борис Трајковски. „Ѓаволот на виолина“, како што многумина го нарекуваат, ветува дека во Скопје за своите обожаватели ќе направи незаборавна музичка вечер.
„Со нетрпение го очекувам концертот и повеќе од кога и да е, сакам да ги однесам моите обожаватели на едно возбудливо музичко патување. Заедно со мојата група, моите пријатели и обожаватели, сакам да ја прославиме музиката, како и изминатите десет години“, рече тој пред настапот.
Герет вешто ги меша музичките стилови нудејќи оргинални, нови верзии на најпознатите рок-класици. Со неговите изведби на виолина, класичната музика добива нов живот и покажува дека класичните композиции кои ги сакаат постарите, можат да бидат достапни и провокативни и за младите генерации.
Билетите за концертот на Герет во Скопје се продаваат преку продажната мрежа на Купи карти за се, Југотон и Розе Веро 2. Организатор на Концертот е „Прагма продукција“.
Текстот Виолинистот Дејвид Герет најавува возбудливо шоу во Скопје е превземен од Reporter.mk.