Српската пејачка Лепа Брена сподели видео на социјалните мрежи како вози електричен тротинет низ улиците на Белград. Пејачката уживаше во друштво на помладиот син Виктор, кој цело време ја снимаше.
Тој вели дека мајка му не одолеала на трендот со електричните тротинети, кои сè повеќе се прифатени на глобално ниво. Тие веќе важат за брзо, достапно и еколошко превозно средство со кое лесно се избегнуваат градските гужви.
Брена вели дека е страстен возач и дека во возењето најмногу ја нервираат градските гужви и непрописните паркирања. Таа неодамна изјави дека поради проблемите кои ги има во сообраќајот сака да купи мал смарт автомобил, за полесно се снајде низ градскиот метеж.
Текстот (Видео) Брена не одолеа на трендот, се возеше на електричен тротинет е превземен од Reporter.mk.