Новороденче од Бразил се насмеа кога за прв пат го слушнал гласот на нејзиниот татко. Флавио и Тарсила од неодамна станаа за прв пат родители, а Бразилецот секој ден ѝ зборувал на ќерка му додека таа била во стомакот на нејзината мајка.
Кога се родила Антонела, со својата насмевка покажала дека развила посебна врска со татко ѝ.
„Тој секогаш и зборуваше колку ја сака“, изјавила Тарсила.
Тарсила открила дека Флавио ја поздравувал Антонела секое утро пред да оди на работа и кога ќе се врател. Оттука на Тарсила не ја чуди реакцијата на нејзината ќерка, кога за прв пат го слушнала гласот на нејзиниот татко.
„Му ја дадоа доека спиеше. Откако сопругот прозборе, Антонела ги отвори очите и му се насмеа“, изјавила Тарсила.
Текстот Новороденче се насмеа кога за прв пат го слушна гласот на татко ѝ е превземен од Reporter.mk.