Нов објект влезе во Сончевиот систем – можеби им припаѓа на вонземјани!? (ВИДЕО)

Астрономот аматер Генадиј Борисов открил нов меѓуѕвезден објект кој дошол од надворешноста на Сончевиот систем, објавиле од Minor Planet Center.

Првиот меѓуѕвезден објект во нашиот Соларен систем го откриле астрономи во 2017-та година. „Oumuamua“ имал хиперболично патување кое укажува на тоа дека дошло оддалеку и дека повеќе нема да се врати таму.

Секако тој предизвикал и многу шпекулации за неговото потекло, а една од нив е можеби дека припаѓа на вонземјани.

Новооткриениот објект претставува втор меѓуѕвезден објект, а во продолжение следат уште испитувања и следења.

Борисов првпат го забележал објектот на 30-ти август користејќи телескоп кој самиот тој го направил. Потоа следеле и други потврди, а „Majnor planet senter“ од Центарот за астрофизичари издале соопштување за новиот објект со име „C/2019 Q4 (Borisov)“.

Доколку без сомнеж се потврди неговата меѓуѕвездена природа тогаш ќе добие нова ознака која ќе почнува со „2I“ (I како почетна буква од зборот Interstellar).

Со дополнителни истражувања и набљудувања научниците почнале да го испитуваат обликот на неговата орбита, а пресметките покажуваат дека има хиперболичен облик, а не елиптичен кој ги карактеризира небесните тела во Сончевиот систем.

Хиперболичниот облик укажува на тоа дека овој новооткриен објект ќе го напушти нашиот систем и никогаш повеќе нема да се врати.

Извор: B92.net

Текстот Нов објект влезе во Сончевиот систем – можеби им припаѓа на вонземјани!? (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.