(Фото) Рој пчели „нападнаа“ авион во Индија

Рој пчели го попречиле летот на еден авион кој требало да полета од Индија, откако се залепиле на едно од стаклата на пилотската кабина. Летот „743 Ер Индија“, кој требало да полета од градот Колката, во индиската држава Западен Бенгал, бил одложен за два и пол часа.

Авионот кој требало да полета за Агартала во североисточна Индија, место оддалечено на само еден час лет, веќе доцнел 90 минути, поради технички проблеми. 136 патници, вклучувајќи го и министерот за информации на Бангладеш, Хасан Махмуд, морале да чекаат уште еден дополнителен час за ројот пчели биде отстранет.

Пилотите пробале да ги тргнат со помош на бришачите на ветробранското стакло, но не успеале. На крајот проблемот го решиле противпожарните служби, кои успеале да ги отстранат пчелите со водени топови.

Директорот на аеродромот изјавил дека аеродромот е темелно прегледан и дека не се пронајдени пчелни кошници. Тој објаснил дека пчелите мора да дошле од некое место надвор од аеродромот.

Текстот (Фото) Рој пчели „нападнаа“ авион во Индија е превземен од Reporter.mk.