Градинар заболел од рак од производ на Монсанто

Судот во Сан Франциско пресудил дека Монсанто мора да плари речиси 290 милиони долари оштета затоа што не го известил Девајн Џонсон, човек заболен од карцином, за опасноста од хербицидот Roundup.

Американскиот градинар ја добил агрохемиската компанија во историско судење.

Поротниците одлучиле дека Монсанто делувал злонамерно и дека нивниот хербицид, како и неговата професионална верзија RangerPro значително придонеле за болеста на тужителот Девајн Џонсон.

Агрохемискиот гигант веднаш најави дека ќе вложи жалба на ваквата одлука.

„Добив голема поддршка уште на почетокот на оваа афера. Молитви и енергија од луѓе кои не ги ни познавам. Драго ми е што можам да помогнам околу проблемот кој е многу поголем од мене. Се надевам дека одлуката ќе создаде нужното внимание на проблемот“, изјавил Џонсон на конференција за новинарите.

Барал повеќе од 400 милиони долари

Џонсон (46) барал повеќе од 400 милиони долари оценувајќи дека производите на Монсанто довеле до карциномот и дека мултинационалната компанија свесно ја прикривала нивната опасност.

Монсанто е осуден на 250 милиони долари оштета со 39,2 милиони долари компензациска камата.

„Поротата е виновна“, изјавил пред судот на новинарите претседателот на Монсанто.

„Изразуваме жалење за Џонсон и неговото семејство. Денешната одлука не го менува фактот што 800 научни студии и заклучоци на американската агенција за заштита на околината, националниот институт за здравство и други регулаторни инстанци во светот сметаат дека глифосатот не предизвикува рак“, тврдат од компанијата.

Џонсон работел како градинал во едно американско шкоо. Во моментите на одржување на околината, тој често користел Roundup, хербицид кој содржи глифосат.

 

 

 

 

Текстот Градинар заболел од рак од производ на Монсанто е превземен од Reporter.mk.