Кристијано Роналдо во емотивното интервју со водителот на емисијата Good Morning Britain, се отвори пред навивачите за неговиот приватен живот, говорејќи дека сексот со партнерката Георгина, му е поубав од головите кои ги дава на терените.
„Головите во Јувентус ми се омилени, но не се подобри од сексот. Барем не со мојата Георгина. Тоа никако“, изјавил Роналд.
Португалецот истакна и дека не ѝ дозволува на мајка му да ги гледа важните мечеви.
Cristiano Ronaldo reveals how good Georgina is in bed pic.twitter.com/s4BpLBg30L
— Tia Africa (@tia__africa) September 18, 2019
„На мајка ми не ѝ дозволуваме да ги гледа важните мечеви. Двапати се онесвести на стадионот. Останав без татко, па сега не сакам да останам и без мајка. И реков дека повеќе нема да ѝ дозволам да ги гледа полуфиналињата и финалињата. Пренервозна е“, изјавил Роналдо.
Во најемотивното интервју во неговата кариера, португалската ѕвезда истакна дека е силно поврзан со неговата мајка Долорес. Долго време се зборуваше во јавноста дека таа има голема улога во неговиот живот и дека дури му ги бира неговите партнерки.
Таа му дала благослов и со Георгина вели дека има одличен однос. Мајката на Роналдо се бори со ракот на дојката. Болеста ја победи еднаш во 2007 година, но истата повторно се вратила на почетокот на оваа година.
Напаѓачот на Јувентус откри дека кариерата можела да му отиде во сосема поинаков правец. Тој бил на граница да потпише договор со Арсенал во 2003 година, но наместо кај „топџиите“, Роналдо потпишал за Манчестер Јунајтед.
„Бев на чекор да заминам во Арсенал. Станува збор за неверојатен клуб. На крајот ништо не бидна од тој трансфер, но ценам сè што направија за мене, особено Арсен Венгер.
Текстот На Роналдо поубав му е сексот со Георгина од головите, а мајка му двапати се онесвестила на стадионите е превземен од Reporter.mk.