Тенисерот Новак Ѓоковиќ во моментов е во посета на српското село Брзече, каде им помогна на селаните во собирањето компири од нивите. Со полни вреќи компири на рамо, тој се пофали на „Фејсбук“.
Ноле напиша дека имал убави спомени од ова место каде минал дел од своето детство. Брзече е село во близина на Копаоник на границата со Косово. Србинот тука се опоравува од повредата.
Тој поради поради проблемите со рамото, мораше предвреме да го заврши „Ју-Ес Опен“.
„Благодарен сум на искуството кое го доживеав во Брзече. Луѓето од овој крај се многу пријатни, но во исто време и многу вредни, а секој од нив има автентична и интересна приказна. Срцето ми е полно што оживеав голем број спомени од детството. Се сретнав со многу луѓе, кои беа дел од моето детство и кои ми помогнаа да го остварам мојот сон, како професионален тенисер. Навистина сум полн со емоции. Притоа, добив и по некој компир за трудот“, напиша Ѓоковиќ.
Текстот (Фото) Новак Ѓоковиќ собира компири од нива е превземен од Reporter.mk.