(Видео) Слепо момче со аутизам победи во американско талент шоу

Коди Ли, слепо момче со аутизам, победи во финалето на популарното шоу „Америка има талент“. Тој во финалето што се одржа вчера, заедно со музичката ѕвезда Леона Луис, ја испеа песната You Are The Reason. 23-годишниот Коди со своето емотивно пеење веднаш го крена на нозе жирито.

Коди од самиот почеток на шоуто беше еден од милениците на публиката, но и на жирито, во кое членуваат Сајмон Кауел, глумиците Габриел Унион и Џулен Хоуг, и Хауи Мендел. Сајмон, кого јавноста го знае како еден од најстрогите музички критичари, по секој настап го фалеше Коди за одличното пеење и му порача дека не смее да престане да се занимава со музика.

Текстот (Видео) Слепо момче со аутизам победи во американско талент шоу е превземен од Reporter.mk.