Македонскиот пејач Стефан Величковски ќе ја отвори четвртата сезона од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. Стефан во првата емисија сезонава, која ќе се емитува на 21 септември, ќе настапи со песните „Просјак и крал“ од Адил и „Се е на продажба“, од Саша Матиќ.
Организаторите на шоуто најавија промени за оваа сезона, па покрај шестчленото жири ќе има и специјален гостин кој ќе им биде ментор на некои од кандидатите. Победникот и овој пат ќе добие ексклузивен договор со продукцијата „Гранд“, песна со видеозапис, како и автомобил.
Текстот Стефан Величковски ќе ја отвори четвртата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ е превземен од Reporter.mk.