Српска пејачка ги осигура нозете на 200.000 евра

Српската пејачка Миа Борисављевиќ ги осигура нозете за 200.000 евра, пишуваат српските медиуми. Таа нозете ги осигурала во Швајцарија, па ако нешто ѝ се случи на нозете, осигурителната компанија во Цирих ќе ѝ плати многу поголема сума пари.

„Миа ги следи светските трендови, а во моментов многу познати дами ги осигураат градите, нозете, задникот. Таа верува дека секоја инвестиција во животно осигурување, дури и во одредени делови од телото, е инвестиција во лична безбедност и начин да се заштити во иднина. Затоа одлучи да ги осигура своите нозе“, изјавил извор близок на пејачката.

Првата Србинка што го стори ова беше Снежана Бабиќ Снеки. Таа во 2009 година таа ги осигура нозете за еден милион долари. Пејачката тоа го направи во Германија во една од најпознатите светски осигурителни компании.

Текстот Српска пејачка ги осигура нозете на 200.000 евра е превземен од Reporter.mk.