(Видео) Трамп се потпиша на ѕидот меѓу Мексико и САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп се потпиша на новоизградениот дел од ѕидот на границата со Мексико, нарекувајќи го безбедносен систем од светска класа, кој ќе биде практично непробоен.

Трамп го посети градилиштето на граничниот ѕид во областа Сан Диего. Пред да почне изградбата на ѕидот, границата во Сан Диего била заштитена со иницијален слој на лим, кој лесно се пробивал и со уште еден друг посилен слој, кој можел да се пробие со моќни електрични тестери.

„Ѕидот беше како лим и луѓето едноставно можеа да го срушат“, изјавил Трамп, говорејќи за почетниот слој кој сега е заменет. Досега се изградени 106 километри ѕид, а уште 403 километри се во различна фаза на изградба.

Текстот (Видео) Трамп се потпиша на ѕидот меѓу Мексико и САД е превземен од Reporter.mk.