(Видео) Путин и Ѓинпинг правеа палачинки па наздравија со вотка

Рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со неговиот колега од Кина, Си Ѓинпинг, ги покажа своите кулинарски вештини. За време на на економскиот форум во Владивосток, двајцата печеа палачинки, а потоа назадравија со вотка.

Заменик министерот на Кина Ли Јучан изјави дека Путин и Ѓинпинг се забавувале додека го минувале времето заедн. Гледале хокеј, пловеле низ реката Нева, а на крајот јадеа и палачинки.

„Заедно патуваа со воз, гледаа хокеј, пловеа низ реката Нева, печеа палачинки, нешто за што многу време се зборуваше во јавноста“, изјавил Ли за „Блумберг“.

Ли посочи дека пријателските односи меѓу Путин и Ѓинпинг оставиле длабока трага меѓу двете земји, имајќи ги во предвид големиот број на средби во изминатиот период. Како што прецизирал Ли, Си и Путин во последните шест години се состанале дури 30 пати, односно во просек по пет пати годишно.

Ли потсети и на подарокот кој рускиот претседател му го дал на Ѓунпинг, на неговиот 66. роденден.

„Путин на 15 јуни за време на самитот во Душанбеу специјално донесе торта од Москва и пристигна пред резиденцијата на Си Ѓунпинг, за да му го честита роденденот. Тоа беше многу убаво“, изјавил Ли.

Ли изјавил дека претседателите тогаш наздравиле и изеле парче торта.

Текстот (Видео) Путин и Ѓинпинг правеа палачинки па наздравија со вотка е превземен од Reporter.mk.