Животната приказна на Џек Николсон

Еден од најголемите женкароши во Холивуд, Џек Николсон, кој наскоро ќе го прослави 81 роденден, во текот на својата кариера бил вплеткан во големи скандали, чудни љубовни односи, но и разни приказни поврзани со конзумација на алкохол и дрога.

Во шеесетите години од минатито век, тој почнал да експериментира со LSD, нешто што му се допаднало веќе по првото конзумирање. Вели го „видел Бог“. Недолго потоа почнал да експериментира со кокаинот, мескалин и марихуана, а со време станал и хроничен зависник.

Набрзо потоа во 60 години долгата кариера, целосно се предал на глупата и освоил три Оскари, а бил номиниран дури 12 пати. Неодамна одекнала веста дека по седум години пауза ќе се врати пред камерите.

Холивудскиот актер Џон Џосеф Николсон, познат како Џек Николсон, наскоро ќе го прослави 81 роденден, иако баш никој со сигурност не може да каже дали навистина се родил на 22 април 1937 година. Николсон, според изводот од матично, не се знае кој му е татко со сигурност. Исто така има нејаснотии околу неговата вистинска мајка, а сите кои знаеле било што за неговото семејство, одамна веќе не се на овој свет. Неговата баба Епл, за која долго бил убеден дека му е мајка, тврдела дека го родила во куќа во Нептун Сити во Њу Џерси, но многу е веројатно дека Џун Николсон, жената за која мислел дека му е постара сестра, го родила како вонбрачно дете во болница во Њујорк. Но и покрај тоа, никогаш не излегле податоци дека жена со тоа име, тој ден се породила, ниту пак дека воопшто е родено дете со тоа име.

Дури ни годината на раѓање не е целосно сигурна, затоа што кога малиот Џек бил крстен, неговата баба Епл на свештеникот му рекла дека е роден 1938 година. Неговата наводна мајка била танчерка која се омажила за колегата Дон Рос. Вистинското име му било Фурцило. Поради тоа што Дон, чие вистинско име му било Фурцило, бил оженет, нивниот брак бил поништен. Тогаш настапила Епл која ја превземала улогата на мајка да ја спаси ќекрата од скандалот поради раѓањето на вонбрачно дете, или од тогаш, сеуште незаконскиот абортус и да и овозможи продолжување на забавната кариера која ја почнала.

Џек Николсон пораснал мислејќи дека татко му е неговиот дедо, Џон Николсон. Безопасен алкохоличар, кој Етел го исфрлила од домот кога останал без работа. Таа потоа се вработува како фризерка. Легендата вели дека Џек вистината за семејното стебло ја дознал во 1974 година, кога еден новинар истражувал подлабоко за минатото на актерот кој веќе тогаш бил познат во светот на филмовите и непобитно докажал дека Епл му е всушност баба, а Џун, за која мислел дека му е сестра, всушност му била мајка.

И двете се починати. Џун починала во 1963 година, на 44 годишна возраст, а Етел во 1970 година. Не можеле да потврдат или демантираат. Подоцна приказната ја потврдила втората сестра на Џек Николсон, Лорен, но ниту таа не го знаела идентитетот на вистинскиот татко на Џек Николсон. Никогаш не бил направен ДНК тест, иако тоа му го препорачувале голем број на пријатели, како и семејството на неговиот наводен татко.

Но, тој никогаш не се обидел да утврди кој му е вистинскиот татко, едноставно не сакал со тоа да се оптеретува.

„Татко е некој кој е со тебе додека растеш, а не лице кое има ист генетски код“, изјавил Џек.

„Пораснав опкружен исклучиво со жени. Се навикнав на женско друштво и сватив што сакаат жените, а баба ми ме одгледа така за да се однесувам како што треба. Сметам дека сум пристоен и бескрајно сум и благодарен за тоа“, раскажал глумецот.

Можеби клучот на неговиот успех се жените кои ги заведувал целиот живот и наводно спиел со над 2000. Сепак Џек на ваквото тврдење одмавнува со раката и упорно негира.

„Па кој ги броел. Не е вистина дека ги имало толку многу“, изјавил Џек неколку пати.

Иако не бил сигурен дали Џун му е мајка или сестра, Николсон по завршувањето на средното школо, во кое учениците го прогласиле за најголем кловн, се упатил во посета на Џун, која во меѓувреме се омажила, родила две деца и се преселила во Лос Анџелес. Иако мислел да остане кратко, повеќе никогаш не се вратил на Источниот брег.

„Во Њујорк ти требаат 50 долари на ден само за да преживееш во зимата. А тука цела година може да се спие на улица“, изјавил Никлсон.

Недолго потоа се вработил како аниматор во студиото MGM, но сватил дека на филмот сака да работи на поинаков начин, како глумец, режисер и сценарист.

Глумата ја учел во театарот Player Ring, па се појавил на телевизија и на театар, а набрзо потоа се нижеле филмовите кои го воделе кон главната награда.

Прво се појавил во кратка улога во Hell’s Angels on Wheels, а потоа ја напишал и драмата The Trip, позната како еден од најексплецитните одрази на психоделната американска кинематографија на своето време. Се работи за човек кој настојува симболички да сврти нов лист во животот. Одлучува прв пат да земе LSD по што филмот ги следи неговите авантури, метежот на градските улици, предизвикани од лекот кој предизвикува визии. Филмот станал легендарен и по ексцесите настанати за време на снимањето. Додека ја снимале сцената од логорскиот оган, актерот Питер Фонда и актерот и режисер Денис Хопер наводно пробале 155 џоинти, а еден актер речиси и да умрел од преголемата доза на конзумација на пејот.

 

 

 

 

Текстот Животната приказна на Џек Николсон е превземен од Reporter.mk.