McDonald’s ќе воведе вештачка интелигенција наместо продавачи

Синџирот за брза храна на McDonald’s има намера да ја зголеми ефикасноста во своите ресторани со воведување на вештачка интелигенција (ВИ), конкретно – гласовен асистент во системот за нарачки, вели „Блумберг“.

Стартапот Apprente, кој развива гласовен асистент заснован на ВИ технологија, е набавен за реализација на овој проект. Првично, гласовниот асистент ќе се користи на местата за набавка на храна од автомобили, како и во штандовите за самопослужување.

Овие намери од менаџментот на ланецот предизвикаа загриженост кај голем број вработени во McDonald’s кои можат да ги загубат работните места заради автоматизација и воведување на нови технологии.

McDonald’s веќе купи два стартапи поврзани со ВИ технологија. Прво, се стекна со Dynamic Yield, чии специјалисти развиваат технологија за прибирање лични податоци од клиенти, со што се менуваат поставките за понуди за продажба и рекламирање.

McDonald’s подоцна се здоби со удел во Plexure Group Ltd – компанија за развој на мобилни апликации. Покрај тоа, McDonald’s планира да ја прошири новоформираниот оддел McD Tech со повеќе инженери и специјалисти за обработка на податоци.

Што се однесува до стартапот Apprente, основан во 2017 година, неговите специјалисти веќе му обезбедија на McDonald’s гласовен асистент, кој во моментот се тестира во повеќе локали во ланецот. Во иднина, планирано е да се интегрираат паметни технологии во сите објекти низ САД.

Текстот McDonald’s ќе воведе вештачка интелигенција наместо продавачи е превземен од USB.mk.