Канадскиот премиер Џастин Трудо западна во голем скандал, откако во јавноста беше објавена негова стара фотографија на која тој е облечен како Аладин, а лицето му било обоено во црна боја.
Трудо како црнец се маскирал уште во најмалку два наврати. Тој се извини за првиот откриен случај на т.н. „блекфејс“, кој припадниците на црната раса го сметаат за навреда.
„Требаше да знам подобро, но не знаев. Длабоко жалам што го сторив тоа“, рече Трудо откако „Тајм“ ја објави фотографијата на која се гледа како носи турбан и бела наметка, а лицето му е намачкано со темна шминка.
„На гала-приемот што беше тематски посветен на арапските ноќи, го облеков костимот на Аладин и ставив шминка“, рече Трудо.
Канадскиот портал „Глобал њуз“ потоа објави и видео снимка и од трет случај во кој Трудо е маскиран како црнец. Се работи за видео снимка во која наводно е снимен во деведесетите години во средно школо.
„Стануваше збор за натпреваување во таленти во средното школо каде што одев. Се натпреварував во пеење со песната Day-O, која ја популаризирал афроамериканскиот пејач и активист Хари Белафонт“, изјавил Трудо.
Фотографијата од 29-годишниот Трудо со лице затемнето со шминка се смета за голем предизвик за лидерот кој често зборува за важноста на борбата против расната дискриминација и кој во неговиот кабинет има тројца истакнати министри со индиско потекло, пренесе „Ројтерс“.
Текстот (Видео) Канадскиот премиер Трудо среде скандал, најмалку трипати се маскирал како црнец е превземен од Reporter.mk.