Чудни и таинствени звуци патуваат низ универзумот, а таквите „брзи радио пробиви”, честопати како нечујни сигнали, се откриваат по неколку децении.
Сигналите патуваат милијарди светлосни години за да стигнат до телескопите на земјата и другите машини. Иако научниците можат да ги детектираат, никој од нив всушност не знае од каде таквите звуци доаѓаат.
Телескоп случајно примил еден таков звук со име: FRB 180725A и го забележал како најнизок фрекфенциски прашок некогаш откриен.
За работата да биде уште поинтересна, научниците наишле на уште пониски фреквенции, но засега своите откритија ги немаат објавено. Ваквите сигнали патуваат низ небото, но тешко се откриваат.
Scientists spot deep, unexplained 'fast radio burst' signal from space https://t.co/jNyBg4eB87 :Auto pickup by wikyou
— UKnewsV (@UKnewsV) August 10, 2018
Во текот на десет години, откриени се помалку од 40 вакви чудни звуци, но се надеваат дека со помош на телескопот CHIME ќе се откријат исти вакви слични или нови сигнали.
Уште во 2016 година, се известувале за низа повторувања на слични вакви звуци, што предизвикало голем интерес во јавноста. На почетокот на оваа година, научниците најасен сигнла примиле во Австралија, со помош на телескопот Parks, кој сепак не е толку силен за да може да открие повеќе од пет или шест сигнали годишно.
Mystery Low-Frequency Space Signal Spotted for First Time https://t.co/sOXKAmqeIc
— The Anomalist (@anomalistnews) August 10, 2018
„CHIME следи 200 квадратни степени во исто време, што е далку повеќе од поголемиот број на телескопи. CHIME е чувствителен и овозможува преглед на голема повшрина, што го прави совршен во потрагата по таквите сигнали“, вели Емили Петроф, астрофизичарка од Холандскиот институт за радио астрономија. Но, исто така додава дека телескопот може да следи само еден процент од небото.
CHIME looks between 400 – 800 MHz and most FRBs have been found between 1,000 – 1,500 MHz. Before this the lowest frequency an FRB was detected at was 700 MHz with the GBT (Masui et al. 2015). But FRB 180725 was seen down to ~580 MHz. (8/10) pic.twitter.com/KupNJv17qN
— Emily Petroff (@ebpetroff) August 1, 2018
Секое ново открите е нова трага во необјаснивата мистерија на потеклото на ваквите звуци, а овој телескоп, ќе им помогне на научниците на патот на откривање на се што има таму горе, далеку од нас.
Текстот Астрономи откриле непознат сигнал кој доаѓа од вселената е превземен од Reporter.mk.