Во центарот на нашата галаксија една црна дупка почна да лудува, астрономите коментираат дека досега не виделе такво нешто.
Овој необичен феномен почнал уште во мај годинава. Црната дупка се крие во центарот на нашата галаксија, поточно во местото наречено Sagittarius A*, а од неодамна почнала да голта огромни количини на материја.
„Никогаш не сме виделе нешто слично на ова, а еве веќе 24 години ги проучуваме супермасивните црни дупки. Обично се релативно мирни, како да се на диета. Немаме поим зошто оваа јаде сѐ пред себе“, вели Ендрија Гиз, професор по физика и астрономија при УКЛА унизерзитетот во Лос Анџелес.
Црните дупки не можат да се видат бидејќи ни светлината не може да избега од нивната моќна гравитација. Но, околната материја емитира силна радијација како што забрзува кон дупката, а зголемувањето на околната светлина дава индикација дека сѐ повеќе и повеќе материја е консумирана од страна на дупката.
Овој застрашувачки феномен нема опасност по Земјата бидејќи црната дупка се наоѓа на оддалеченост од 26 илјади светлосни години, предалеку за да има било какво влијание, велат научниците.
Текстот Супермасивна црна дупка голта сѐ пред себе е превземен од USB.mk.