Околу сто илјади Романци од кои поголемиот дел се иселеници, побараа вчера во Букурешт оставка од владата која ја обвинуваат за корупција.
Протестите беа одбележани со голем број инциденти и конфликти меѓу протестантите и вооружените сили на редот.
Ги имало околу 100.000
„Оставка!“ и „Арамии!“, скандинирале протестантите, за кои медиумите пишуваат дека ги имало околу 100.000 пред парламентот.
Дел од нив се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, а полицијата употребила солзавец за да ги растури. Повредени се повеќе од 240 луѓе.
Стотина лица примиле помош поради вдишување на плин, а десетина полицајци се повредени при фрлањето на камења и шишиња, велат податоците од службите за помош. Бројните полициски сили ги повикале протестантите да се оддалечат од насилните поединци.
Носејќи знамиња на Шпанија, 30 годишните Стефан и Илеана Ангел, стигнаа во Романија за да се приклучат на протестите.
Двајцата истакнаа дека во Романија ништо се нема променето. Дека нема модерни патишта и школи и дека насекаде има корупција. Двојката стигна од Њујорк, каде живее триесетина години.
И тие ги истакнаа корупцијата и проневерувањето на пари како најголем проблем на земјата.
Над илјадници луѓе излегоа да протестираат и во другите големи градови.
Петина од Романците живеат и работат во странство
Околу 4 милиони Романци, од вкупно 20, работат во странство. Од нив половината работат во Италија и Шпанија, според службените податоци.
Во текот на минатата година, иселените Романци на семејствата во татковината им испратиле 4,3 милијарди евра, или околу 2,5% од БДП то на земјата, која се смета за една од најсиромашните во Европа.
Текстот (Видео) 100.000 луѓе во Романија се дигнаа против корумпираната влада е превземен од Reporter.mk.