Ведран Чорлука трет најзгоден фудбалер на Хрватска

По 12 години и 103 настапи во хрватскиот дрес, Ведран Чорлука се прости од Хрватската фудбалска репрезнтација. Фудбалерот ќе биде запаметен како вицешампион на Светското првенство, но и како еден од најзгодните хрватски репрезентативци.

Во анкетата на порталот Задоволна.хр, Ведран Чорлука е прогласен за трет најзгоден фудбалски репрезентативец на Хрватска, по Дејан Ловрен и Анте Ребиќ. Освен со своите мајстории на тревникот, Чорлука својата поубава половина, евровизиската претставничка Франка, ја освои со прекрасните синозелени очи, топлата насмевка, фигурата, висината од 192 сантиметри, симпатичноста и пристапот.

Во галеријата направена од порталот, Ведран Чорлука ќе остане запаметен како 32 годишен мистер на хрватската фудбалска репрезентација.

 

Текстот Ведран Чорлука трет најзгоден фудбалер на Хрватска е превземен од Reporter.mk.