Капитенот на македонската ракометна репрезентација и играч на францускиот тим Нант, Кирил Лазаров, даде интервју за шпанскиот медиум balonmanoveteranos. Тој зборува за својата кариерата, за почетоците во спортот, начинот на тренирање, како успева да остане долго време во форма и колку се жртвувал за биде таму каде што е сега.
„Целиот мој живот сум бил дисциплиниран ѝ сум се однесувал професионално. Денес сум горд на тоа што сум го постигнал и сум задоволен од сработеното. Мислам дека сум одличен пример за младите и оние кои сакаат да постигнат нешто во животот“, вели Кире.
Понатаму во интервјуто тој зборува дека не е едноставно да се биде спортист и дека спортот бара многу одрекување и жртва.
„Ми годи тоа што луѓето го ценат мојот труд и успесите што ги имам направено како на домашно, така и на странско ниво. Мал број луѓе знаат колкава жртва сум принел за денес да бидам тоа што сум и морам да признаам дека тоа ми годи“, вели Лазаров.
Лазаров е миленик кај шпанската публика, а медиумите отсекогаш објавувале текстови, пишувајќи за него колку е голем спортист и колку публиката ужива во неговите игри. Кире во интервјуто открива дека добро си го познава телото и начинот на кое тоа функционира.
„Потребни се напорни тренинзи. Јас си го познавам телото многу добро и начинот на кој тоа функционира. Тоа ми помага да го дадам мојот максимум пред секој меч. Понекогаш чувствувам дека ми недостига посилен тренинг за да влезам во форма. Но, има моменти кога се чувствувам уморно и кога барам одмор од тренерите. Треба многу часови работа, да тренираш, да размислуваш и анализираш како да бидеш подобар. Бидејќи ракометот се подобрува секоја година. Мора да имате трпеливост, верба и да верувате многу во себе“, изјавил Лазаров.
Текстот Кирил Лазаров: Малку луѓе знаат колкава жртва направив е превземен од Reporter.mk.