Анкета: 20 отсто од менаџерите сакаат шеф робот

Во иднината која следи, сѐ повеќе ваши колеги ќе бидат заменети од роботи или од вештачка интелигенција. Некои „човечки професии“ на тој начин, веројатно и ќе исчезнат, но функцијата шеф, засега не е загрозена.

Според истражување на интернет-компанијата Сурви манки, коешто опфатило 1.000 менаџери, 20 отсто од испитаниците, сепак, би сакале нивниот шеф да биде робот. Во таа смисла, од менаџерите на возраст меѓу 25 и 30 години, тој број изнесува 40 отсто.

Меѓутоа, на второто прашање од анкетата, ако роботот изгледа како Ц-300 од „Војна на ѕвездите“, дури 50 отсто од испитаниците одговориле потврдно.

Главната причина поради којашто менаџерите претпочитаат робот, секако, е пред сѐ, тоа што не им се допаѓа постојниот надреден. Но, меѓу посериозните одговори е и тоа што, се надеваат дека роботот не може да биде манипулант, суетен и арогантен како луѓето.

Од друга страна пак, некои од менаџерите не би сакале робот да им наредува и шефува.

Текстот Анкета: 20 отсто од менаџерите сакаат шеф робот е превземен од USB.mk.