Ана, ќерката на легендарниот гитарист Влатко Стефановски, стана доктор на науки. Таа го одбрани докторатот на Универзитетот во Падова, Италија, а Влатко веднаш објави се пофали дека таа докторирала и објави заедничка слика на „Инстаграм“.
„Мојата ќерка Ана само што ја одбрани докторската дисертација на Универзитетот во Падова“, напиша тој.
Ана по професија е дизајнер и претходно магистрираше дизајн во Италија. Синот Јан, пак, од пред неколку години свири тапани во триото на Стефановски. Во интервју за „Репортер“ Влатко неодамна раскажа дека е горд на своите две деца и на успесите што ги остваруваат во животот. Тогаш тој рече дека иако тие сега живеат во друго време од она во кое растел тој, сепак израснале во прекрасни млади луѓе.
Ја оставив партнерката сама, за среќа, беше згодна, па се снајде – искрено со Влатко Стефановски
Текстот (Фото) Ќерката на Влатко Стефановски стана доктор е превземен од Reporter.mk.