Родителите ѝ се развеле кога имала четири години, а таа продолжила да живее со мајка ѝ. Во животот признава дека имало моменти кога немале пари за да се прехранат, а била ѝ бездомник.
„Пред да пристигнам во Њујорк, немав пари и немав свој дом. Немав место каде да живеам“, раскажува Бери.
Во доцните осумдесетти Бери заминува за Чикаго каде почнува да работи како глумица и модел. Една од нејзините први улоги била во ТВ серијата Chicago Force. Подоцна игра во уште неколку телевизиски серии и филмови.
Кариерата ја почнала како модел. Во 1986 година. Бери станува втора придружничка на Мис на Америка, а истата година на Светскиот натпревар за убавина, го освоила шестото место.
Нејзиното позначајно остварување е комедијата „Бумеранг“, каде партнер ѝ е актерот и комичар Еди Марфи.
Бери подоцна се појавува во филмот „Флинстонс“, додека за улогата во „Запознај се со Дороти Дендриџ“ ќе ги добие наградите „Еми“ и статуетката „Златен глобус“.
Бери е првата црна жена добитник на наградата Оскар за филмот „Бал на монструми“. Актерката признава дека покрај успесите, паралелно водела тешки битки на приватен план. Се мажела три пати, а за време на бракот со првиот сопруг, Дејвид Џастин, признава дека се обидела да се самоубие.
Текстот Хали Бери, од бездомничка до гламурот во Холивуд е превземен од Reporter.mk.