„Медена земја“ од петок во македонските кина

Документарецот „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов од петок ќе почне да се прикажува во кината во повеќе градови низ Македонија. Филмот, кој е македонски кандидат за Оскар и е во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди, освен во Скопје, ќе се прикажува и во Струга, Битола, Куманово, Свети Николе, Охрид, Кратово, Штип и  Крива Паланка.

В петок во 20 часот ќе почне да се прикажува во Домот на културата во Кратово и во Домот на млади во Штип. Истиот ден во 19 часот ќе почнат проекциите во Центарот за култура во Крива Паланка. На 2 октомври е закажана првата проекција во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, а од 3 октомври филмот ќе се емитува во „3Д кино“ во Битола и во МКЦ „Козјак“ во Куманово.  На 4 октомври ќе се прикажува  во Домот на културата во Свети Николе и во Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Покрај редовните проекции во скопското кино „Синеплекс“, филмот од пред неколку дена игра и во Милениум.

Текстот „Медена земја“ од петок во македонските кина е превземен од Reporter.mk.