Застрашувачка слика беше забележана на бреговите на Зеленортските острови, откако случајни минувачи на една од плажите пронајдоа повеќе од 200 мртви делфини.
Властите во оваа држава, позната и како Кабо Верде, сместена во регионот на западна Африка, велат дека чекаат помош од експерти од Шпанија, кој треба да се вклучат во истрагата за да ги откријат причините за оваа трагедија.
Локалните медиуми пренесуваат дека во вторник, некои од мештаните и туристите успеле некои од делфините да ги вратат во морето, но повеќето од нив за жал се вратиле повторно на брегот. Со булдожери биле закопани околу 136 од овие цицачи.
Биолози волонтери од оваа поранешна португалска колонија, соопштиле дека земале примероци од околу 50 делфини и потоа ги замрзнале додека пристигнат научниците кои треба да го истражат овој случај.
Текстот (Видео) Повеќе од 200 делфини се насукаа на плажа во Африка е превземен од Reporter.mk.