Популарниот рок пејач Ди Снајдер ја коментираше одлуката светските музички ѕвезди Џенифер Лопез и Шакира, да пејат на полувремето на „Супербоул“ финалето во американското рагби.
„Изгледа ние рокерите не тресеме доволно со задниците. Признавам дека не сум доволно популарен за таков настап, но каде се „Металика“, „Ганс анд Роузес“ „АЦ/ДЦ“?“, прашува Снајдер.
На рокерот од бендот Twisted Sister, не му е по ќеиф тоа што двете пејачки се одбрани за овој настан.
„Рокот ги тресе стадионите секој викенд, а сега пак сме сведоци дека е прескокнат кога станува збор за настап во живо“. напишал Ди и објаснил дека не сака премногу да ги криткува споменатите пејачки Лопез и Шакира.
Светските поп-ѕвезди Џенифер Лопез и Шакира годинава ќе ја забавуваат публиката на полувремето на „Супербоул“ финалето во американско рагби. Двете тоа го потврдија на Твитер.
„Ништо не може да е поголемо од ова. Едвај чекам да настапам на Супербоул“, напиша Шакирана својот твитер-профил. Шоуто ќе вклучува кус музички настап и интервју со двете пејачки.
Финалето во американско рагби ќе се одигра на 2 февруари на стадионот „Хард рок“ во Мајами, Флорида.
Текстот „Само тресат со задникот“ – познатиот рокер Ди Снајдер ги криткуваше Шакира и Лопез е превземен од Reporter.mk.