Поранешната водителка Мелита Ракичевиќ се смири со неколку години помладото момче Виктор Ѓоршевски. Двојката, наводно се смирила неодамна, а биле заедно и на концертот на Цеца во Охрид. Дека се повторно во врска откри Мелита. Таа објави неколку инстаграм-приказни со Виктор, а на една од фотографиите тие се бакнуваат.
Мелита и Виктор долго ја криеја врската од јавноста. На почетокот на годината, ексводителката на „Инстаграм“ сподели дваесетина заеднички фотографии од нивните патувања и под секоја слика напиша „љубов“, „најубавите љубовни моменти“, „мојата љубов“.
Пред неколку месеци, исто така преку „Инстаграм“, Мелита кажа дека му раскинала на Виктор. Преку порталите тој ја дементираше, велејќи дека тој ја оставил неа, оти не сакал да банкротира, зашто Мелита постојано му барала скапи подароци.
Текстот (Фото) Мелита се смири со Виктор е превземен од Reporter.mk.