(Фото) Операциите и го уништија лицето на Камерон Дијаз

Фановите ја искритикуваа Камерон Дијаз дека претерала со пластичните операции. По објавените фотографии од актерката голем број обожаватели сметаат дека таа го изобличила своето лице.

Дијаз била снимена додека шета низ улиците на Беверли Хилс, а на нејзе јасно можеле да се видат трагите од хируршките зафати.

Естетското разубавување не е нешто ново во Холивуд, па има и такви кои претпоставуваат дека корекцијата кај хирургот кој го посетила Дијаз, тргнала во погрешен правец.

Неодамна во едно од своите последни изјави, Дијаз кажала дека ужива во приватноста и далеку од светот на шоубизнисот. Последната улога ја имала пред пет години. Некогаш била позната актерка во Холивуд, но Камерон Дијаз во меѓувреме се повлече од јавниот живот и веќе пет години нема снимено ниту еден филм.

 

 

Текстот (Фото) Операциите и го уништија лицето на Камерон Дијаз е превземен од Reporter.mk.