Одржувањето на здрава врска не е едноставно и многу е важно да имате трпение и волја. Еве што советуваат Французинките за да не им згасне љубовота…
- Обврските нека причакаат
Тешко да се постигнува ова секојдневно, но важно е да одвојувате време само за вас двајца. Работата, грижите, обврските, децата, пријателите и семејството можат да причекаат еден час. Ако не можете да си го посветите тоа малку време еден на друг,тогаш и љубовта ќе почне да се гаси.
- Отпатувајте заедно
Разбијте ја долгогодишната рутина со патување или одмор. Само вие двајца, макар на викенд. Локацијата не е толку важна колку што е важно вие да бидете сами и да се сетите зошто сте се вљубиле и сте одлучиле да го поминете животот заедно.
- Не ја потценувајте долната облека
Французинките се светски познати по нивниот стил на облекување и по тоа што и’ придаваат огромно значење на долната облека. Па така, во нивните плакари секогаш ќе најдете неколку пара градници и гаќички од чипка. Иако ова не ви делува многу важно, убавата долна облека е пријатно изненадување кое партнерот секогаш го забележува.
Текстот 3 тајни за долга врска што може да ги научите од Французинките е превземен од Reporter.mk.