Нискобуџетскиот авиопревозник „Визер“ ја укинува продажбата на билети за двe од своите авионски линии надвор од Македонија една седмица откако Владата го поништи тендерот за доделување финансиска поддршка за авиопревозници, пишува порталот Ex YuAviation.
Продажбата на билети за Скопје-Барселона ќе биде прекината од 26 октомври, а од Охрид до Лондон од 24 октомври.
„Визер“ ќе ги прекине летовите меѓу Скопје и Ваксјо во јужна Шведска од средината на септември поради слабата побарувачка.
Претходниот тригодишен договор со државата за субвенционирање нови дестинации истече во јуни, па како резултат на тоа авиопревозникот повеќе не е обврзан со договор да ги одржува своите дестинации што ги лансира во текот на изминатите три години ниту, пак, добива субвенции за нив.
Минатата недела Министерството за транспорт и врски соопшти дека ја поништило постапката за доделување финансиска поддршка на авиопревозници по предлог на комисијата за спроведување на постапката.
Текстот „Визер“ укинува летови од Скопје и од Охрид е превземен од Reporter.mk.