Бред Пит се плаши дека Анџелина Џоли ќе му ги земе децата

Бред Пит се плаши дека Анџелина Џоли (43) со децата ќе се пресели во Лондон и дека ќе нема многу време за да биде со нив.

„Бред се плаши дека Анџелина ќе ги земе шесте деца и ќе се пресели во Лондон. Тој не сака да лета со авион осум или девет часа секојпат кога ќе посака да ги види“, вели пријател на Бред Пит.

Џоли се пожали минатата недела дека нејзиниот поранешен сопруг не плаќа доволно висока алиментација, а актерот тврди дека парите што ѝ ги дава таа не ги користи за потребите на децата.

Адвокатите на Бред Пит тврдат дека нивниот клиент платил повеќе од девет милиони долари, а Џоли со парите купила нова куќа и ги намирила заостанатите сметки.

Тие тврдат дека Анџелина Џоли сака целосно старателство над децата.

„Таа сака да се пресели во Лондон, но во моментот тоа е невозможно без согласност од Бред Пит“, велат адвокатите на Бред Пит.

Поранешната холивудска двојка ги има шесте деца – ќерките Захара (13), Шилох (12) и Вивиен (10) и синовите Мадокс (16), Пакс (14) и Кнох (10).

Првите несогласувања почнале кога Бред Пит се пожалил дека не поминува доволно време со нив.

Адвокатите на актерот велат дека изјавата на Анџелина за неплаќањето алиментација била непотребна и дека тоа бил обид на актерката да манипулира со медиумите.

 

Текстот Бред Пит се плаши дека Анџелина Џоли ќе му ги земе децата е превземен од Reporter.mk.